(ФОТО) Вистински другарки: Каролина Гочева доби подарок од Елена Ристеска

Добивај вести на Viber

Пејачката Каролина Гочева на својот профил на Инстаграм се пофали дека доби специјален подарок од нејзината колешка и другарка Елена Ристеска.

Имено Елена ѝ го подари својот парфем „ЕРА“ на Каролина, а оваа пак откри дека тоа ќе биде нејзиниот парфем за ова лето.

„ЕРА парфемот за жени е гламурозен и восхитувачки, и носи еден нов концепт на женственост. Тој е оригинален и мистериозен мирис за жени со израена индивидуалност. Овој мирис потсетува на Мајами, на лето, на егзотично место. Барем мене. Првите ноти јас ги избрав. А, потоа, имав група на тестирачи, па заедно со главниот технолог Владо одлучивме од кои состојки да бидат парфемите“, ни раскажа Елена претходно.