Машка сенузалност и допир на возбуда: На што мириса Елена Ристеска?

Добивај вести на Viber

Според нејзините иницијали и името на покојниот татко Ацко, кој беше многу важен за неа, Елена Ристеска ја нарече својата козметичка линија, ЕРА. Поп-ѕвездата исто како и колегите од светскиот шоу бизнис, засега има два парфеми со свој потпис, машки и женски.

Мистична, цветна, сензуална и егзотична е онаа жена која мириса на женскиот ЕРА парфем, направен од анасон, свет од зелена мандарина, гарденија, медитеранска роза, орхидеја, ванила...

„ЕРА парфемот за жени е гламурозен и восхитувачки, и носи еден нов концепт на женственост. Тој е оригинален и мистериозен мирис за жени со израена индивидуалност. Овој мирис потсетува на Мајами, на лето, на егзотично место. Барем мене.  Првите ноти јас ги избрав. А, потоа, имав група на тестирачи, па заедно со главниот технолог Владо одлучивме од кои состојки да бидат парфемите“, ни раскажа Елена.

Парфемите, и целата козметичка линина на производи, таа ја планираше пред повеќе од една година, но пандемијата и опасноста од ширењето на коронавирусот ѝ ги забави плановите.

„Неколку пати ме пресече карантинскиот момент во вивнување и во полетување. Но, среќна сум што соработувам со успешни технолози и фабрики во состав на брендот. Ова е макотрпна работа која бара многу трпение. Особено во време на коронавирусот“, додаде Елена.

За сега парфемите се нарачуваат само на официјалната страница www.era-cosmetics.com, и се купуваат во салонот за убавина на долгогодишниот стилист и пријател на Елена, Даниел Николовски. Елена е среќна и горда на својот почеток и вели дека таа и нејзиниот тим работат на проширување на продажбата и надвор од Македонија. И машкиот и женскиот ЕРА, чинат по 4.600 денари.

Машкиот ЕРА парфемот се отвора со богата хармонија на ледените ноти од сицилијанското цитрусно овошје, лимон, зелена мандарина и бергамот, и веднаш под влијание на топлата, дрвена, слатка миризба и огнената комбинација на тобакото, кедар и егзотично гуајак дрво. Резултатот е неверојатен коктел од машка сензуалност и интензивен допир на возбуда.

За парфемот за мажи, Елена вели дека е елегантен, софистициран и интензивен мирис за успешен и самоуверен маж кој изненадува со својот моќен и хармоничен интензитет. „Го избрав сооред мој вкус, а го тестираа група на мажи од разни возрасти, неутрални луѓе кои не знаеја за кој бренд бираат, заедно со мене и со технологот“, ни раскажа пејачката за машкиот парфем.

За крај, Елена вели дека пред некоку години, приказната за ЕРА била само нејзин сон и желба. Самата нејзина работа како уметник, пејач и амбасадор на разни брендови бара негуван изглед и постојано вложување да изгледа најдобро.

По долгогодишно пребарување на совршен бренд за козметика, таа решила самата да го создаде козметичкиот бренд кој ќе ги исполни нејзините очекувања.

М.Џаровска