(ФОТО) Елена Ристеска искрена: Сите ја бараат вистинската љубов и вистинскиот парфем
Пејачката Елена Ристеска пред една година основа своја козметичка компанија со име „ЕРА“ (Елена Ристески Ацо- нејзиниот починат татко). Годинава првиот производ со кој го претстави брендот е парфемот „ЕРА“ во две варијанти- за жени и мажи.
Елена објасни дека посветила голем труд и време со својот тим за финалниот резултат да биде совршен, започнала нова ера во козметиката, нова ера во нејзиниот живот и во нејзината кариера, но никогаш не мислела дека тоа ќе биде и нова ера за светот.
- Мојата ЕРА симфонија започнува од овој момент... Ова е зора на нова ера ... на една долготрајна приказна ... Приказната за вистинската љубов ... со активирање на вашите сетила и вашата интуиција ќе го пронајдете вистинскиот ... Вистинскиот парфем- напиша пејачката која неодамна наполни 34 години.