Полнам 34 и сè уште не ми треба ботокс: Елена Ристеска го крсти брендот по починатиот татко

Пејачката Елена Ристеска вчера славеше роденден во домашна изолација. Таа на својот профил на Инстаграм по тој повод прати честитка до себе си и до сите оние кои ѝ го направија денот поубав.

Што напиша пејачката, која отвори и своја козметичка компанија со име „ЕРА“ (Елена Ристески Ацо- нејзиниот починат татко) , прочитајте во продолжение:

Happy B-day to ME.
Полнам 34 и сеуште не ми треба ботокс. Се надевам дека истиов статус ќе го напишам и на 35. До тогаш да сме здрави и живи. Да ја надминеме “короната”- за некого заговор,за некого грда вистина и загуба на блиски. За сите нас ужасен старт на 2020та година помината во страв. Како дете често ми се паѓаше роденденот на Велигден,па славев роденден само со најблиските.Така што не е толку трагичен овој роденден за мене да го поминам во изолација:). Сепак имам милион причини да сум среќна до небото затоа што ве имам вас кои ме поддржувате и почитувате-вие сте најлојални од сите луѓе во светот бидејќи ме знаете во сржта каква сум.Од сите богатства на светот секогаш би ве одбрала ВАС.Но, и богатството наречено “моите најблиски” кои ме сакаат дури и во ретките моменти кога не ми е денот ,еден голем пехар за нив.  Исто еден”пехар за толеранција”, поради мојата особина на перфекционист за сите мои соработници.Особено последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд @era_cosmetics. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката. Иако требаше да почне се’ во април, парфемот одлучив да не го промовирам во овој период затоа што не е хумано да се почнува кампања за парфем додека луѓе се борат за живот и целата држава и светот се во вонредна ситуација. Ќе има ден за тоа наскоро.. Низ годиниве многу уметници,музичари,поети и фанови напишаа по некој стих за мене или ме нацртаа,мал дел од нив ќе споделам во овој пост. Необјасниво е колку ми значи се’ што сте посветиле на мене. Особено ме допре поетесата Ана Бунтеска која ја напиша песната на следната страница за мене. Јас со овие ваши дела станувам БЕСМРТНА. Фала му на Бога. Ви благодарам за честитките на сите, оние кои не ми честитале не се лутам сепак љубовта што ја добивам 364 дена ми е и повеќе од доволна.
П.С. Конечно цела торта за мене.