(ФОТО) Жените кои возат Формула 1 зрачат со сексапил

Формула 1 за девојки се вика „W “серија. Фактот дека во текот на 68 години долгата историја на Формула 1, низ болидите и патеките возеа повеќе од 900 различни возачи, и се натпреваруваа само две жени е навистина катастрофален. Сега работите конечно се сменија.

Планот е оваа година да започне натпреварот во кој жените ќе возат на вкупно шест трки, од кои пет во Европа и една во САД. Дамата која ќе победи на овој натпревар треба да стартува сезона и да тестира болид за некој од сегашните Ф1 тимови.

Тото Волф, директор на Мерцедес во Формула 1, рече: „Кога спортот се сведува на физичка сила, тогаш е дефинитивно потребно поделба меѓу машки и женски сектор, но авто трките се нешто каде што двата пола имаат иста алатка и јас навистина верувам дека ова е спорт во кој жените можат да го преземат приматот." Неговата сопруга Сузи беше една од жените кои се обидуваа да влезат во Формула 1, но во 2015 година се откажа мислејќи дека никогаш нема да добие шанса во таква трка.

Берни Екцстоун е основачот на идејата за Ф1 женскиот натпревар.

Ова се некои од девојките кои ги поминаа квалификациите и ќе се натпреваруваат за место во Ф1 тим:

1. Вики Пирија- Италија


2. Амна Ал Кубаиси- Обединетите Арапски Емирати


3. Тони Брејнџер- САД


4. Марта Гарсија- Шпанија


5. Вивиен Кестејли- Унгарија


6. Стефани Кокс- Холандија


7. Дорен Сидел