(ФОТО) Знакот за борба против сидата направен од свеќи во Непал

Добивај вести на Viber

Денес е светскиот ден за борба против сидата. Светот го обиколи фотографија од Непал од свеќи кои се симболично направени во вид на знакот за борба против сидата, панделката.

Во светот со вирусот ХИВ живеат околу 36,9 милиони луѓе, од кои 1,8 милиони деца. Само 58,8% од нив имаат пристап до лекови. Со речиси 44% од сите ХИВ-новоинфицирани источна и јужна Африка се најмногу погодени. Бројот на нови инфекции е значително зголемен и во источна Европа и централна Азија - само во 2017 година имало 130.000 нови инфекции.

Светскиот ден за борба против сидата се одбележува секоја година. Целта е луѓето да се сензибилизираат колку е важен соживотот без предрасуди и изолација и да се покаже дека сите може да живеат почитувајќи се едни со други.