Направете ја фризурата на Џеј Ло дома: Лесни инструкции од нејзиниот фризер
Обидете се уште денес!
Валови, односно бранови во косата е една од оние фризури кои никогаш нема да станат досадни, без разлика дали станува збор за обични денови или за нешто поформално и гламурозно, а Крис Аплетон, фризер на многу познати дами, меѓу кои и Џенифер Лопез, открива како се прават густи бранови!
Тој објави фотографија од Џенифер Лопез, која собра повеќе од 100.000 лајкови и многу позитивни коментари, па направи туторијал и реши да покаже како да ја добиете оваа фризура дома.
За почетници, брановидна и виткана коса најдобро се стилизира додека е сè уште влажна, бидејќи е полесно да се контролира. Тој препорачува употреба на спреј за коса што ќе ви овозможи дефинирање на прамените.
Одделете ги прамените на помали делови и завиткајте ги околу прстите, тоа ќе го одреди „правецот“ на кадриците во кои ќе се исушат, а најдобро е да забележате како прамените коса природно паѓаат и да се држите до тој правец.
Следниот чекор е да користите дифузер бидејќи тоа ќе ги исуши кадрици, но нема да ги расфрли и ослаби. Температурата треба да биде максимална, но јачината на дувањето на воздухот треба да биде помала, советува Аплетон. Можете да ја навалите главата напред, бидејќи тоа ќе и даде волумен на вашата коса, ако сакате. Кога косата е сува 70%, додадете малку повеќе масло за коса ако е потребно и продолжете да ја сушите косата нормално, без да ја навалите главата, бидејќи, во тој момент, веќе треба да го постигнете посакуваниот волумен.
Конечно, кога косата е скоро сува, исклучете го фенот и оставете го остатокот да се исуши природно.
- Никогаш не сакам да ги исушам кадриците целосно, мислам дека е подобро да ги оставам да се исушат целосно на природен начин - е советот на Крис Аплетон. На крај, користете производ за нега на кадрици што ќе ги хидрира брановите и ќе им даде сјај.
ВИДЕО: