ГАЛЕРИЈА: Црвено-жолтите го обоија Порто - еуфорично пред мечот со Португалија

Еуфорична е атмосферата во Порто денес, неколку часови пред еден од најголемите натпревари во фудбалската историјата за Македонија.

Многумина не сакаа да ја пропуштат шансата да го одгледат овој натпревар во живо, од трибините во Порто, па улиците пополека се полнат со македонски навивачи кои го бојат градот во црвено-жолта.

Дуелот со Португалија денес, македонската репрезентација го игра за пласман на Светското првенство во Катар 2022, откако го елиминиравме европскиот првак Италија, во баражот за Светско, кога забележавме и историска победа.

-Од Америка во Порто ќе пристигнат 50 Македонци. Во толкав број ќе дојдат и од Австрија. Од Канада добив информација дека ќе бидат 30 навивачи. Исто така на трибините ќе бидат присутни Македонци кои живеат и работат во Швајцарија, Шведска, Германија и други европски земји – откри денес во телефонски разговор за Женски магазин, Мирослав Попоски.

Погледнете ја атмосферата во Порто моментално, неколку часови пред натпреварот кој го исчекуваме: