(ГАЛЕРИЈА) Италијанска фризура за жени над 40: Дава младешки изглед и свежина

Добивај вести на Viber

Овој тип на фризура е навистина тренди, но исто така и дава прекрасна визија кај жени над 40 години


Со годините жените се соочуваат со се поголем проблем со фризурата, особено со нејзиниот облик. Низ годините дамите прават најразлични промени на својата коса, ја бојадисуваат, шишаат, ја бланшираат, пеглат, фенират, затоа и косата изгледа подосадна и тенка и бара подобра нега.

Затоа е многу важно правилно да ја обликувате вашата коса, да ги сокриете недостатоците и да ги истакнете убавите делови. Италијанската фризура е совршена токму затоа, а е дело на Арланд Тоси.

Заради својата едноставност и еластичност, италјанската фризура многу бргу стана популарна помеѓу жените над 40 години. Нејзината основна техника е високиот степен.

Овој модел на фризура одговара и на густа коса и на дами кои имаат ретка коса, токму овој тип на фризура вашата ретка коса ќе направи да изгледа пообемна. Визуелно ги издолжува лицата кои имаат кружна и квадратна форма. А овој вид на обликување на вашата коса не бара и постојана корекција, затоа е и лесна за одржување.

Извор: zajenata.bg