,

(ГАЛЕРИЈА) Timberland Flyroam пролет/лето 2018 – бескрајна подвижност

Добивај вести на Viber

Колекцијата Flyroam е создадена за оние кои сакаат да пешачат. Овој иновативен дизајн  овозможува лесно движење и чувство на леснотија.

Flyroam Go е вистинскиот избор на обувки за освојување на урбаната метропола. Горниот дел на патиките е направен од плетен жакард, па оттаму и припиениот изглед,  кој во исто време овозможува поддршка и удобност на стапалото.


Flyroam Go имаат впечатлива бела гума и интересни детали околу врвките, кои им даваат особена доза на современост, а дизајнот е дополнет со кожен дел на петата. Оваа “cool”, урбана естетика ја илустрира фунцкионалноста на колекцијата – леснотија и подвижност.


Flyroam Go оди одлично со Sport Lifestyle – колекцијаинспирирана од андерграунд културата, современите трендови и наменета за сите оние кои сакаат да се движат слободно по урбаните пејзажи, без никакви препреки.


Уште еден модел од колекцијата Flyroam заслужува внимание оваа сезона – обувките Flyroam One се направени од премиум ревртена кожа, во една боја, повторно на дизајнирана бела гума. Flyroam One се направени со технологијата Ortholite®, со ергономска влошка која овозможува мекост и поддршка со секој чекор.


И двата модели на чевли се развиени со AreoCore™ аеродинамични ѓонови – уникатен, енергетски систем со проверен повраток на енергија и издржливост. Моделите се достапни во земјени и неутрално тонови, за лесно комбинирање.


Технологијата позади овие лесно носливи, урбани модели дава слобода и удобност во движењето – клучни нешта за сите лојални Flyroam купувачи.