Генетиката е наклонета кон идната мајка: Како изгледа Хана Хуљиќ во осмиот месец од бременоста? (ФОТО)

Пријателка на Хана сподели фотка на Инстаграм на која се гледа како уживаат во природа...

Животот на Хана Хуљиќ и нејзиниот партнер Петар Грашо, јавноста веќе некое време внимателно го следи. Од моментот кога објавија дека се заедно, па сѐ до свадбата, а сега и бременоста на Хана, јавноста е заинтересирана за секој детаљ од нивната приватност.

Како што пишуваат медиумите, тие ќе станат родители кон крајот на јули, а терминот за породување е на 23 јули. Се пишува и дека Петар тој ден настапува на еден музички фестивал во Сплит, поради што нема да присуствува на раѓањето на детето. 

Бидејќи Хана се повлече од јавноста, една нејзина другарка на Инстаграм сподели фотографија на која е воочлив трудничкиот стомакот на Хана.

View this post on Instagram

A post shared by D O M E N I C A (@dome.nica)

Веќе е во осмиот месец од бременоста, а трудничкиот стомак сѐ уште е незабележлив. Генетиката совршено е наклонета кон идната мајка, која и понатаму без проблем ужива во секојдневните активности, додека својата еуфорија поради доаѓањето на ќеркичката несебично ја споделува со сопругот и членовите на семејството, далеку од љубопитните погледи на јавноста.

фото: Принтскрин / Инстаграм