Гласајте: Дали ви се допаѓа евровизиската песна на Васил Гарванлиев
Македонија ја слушна евровизиската песна „Here I stand“ со која Васил Гарванлиев ќе нѐ претставува на годинешниот Евросонг во Ротердам, Холандија . Спектаклот ќе се одржи на 18 и 20 мај, а финалето на 22 мај.
Музиката и текстот се на Васил, додека аранжманот и продукцијата се дело на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Музиката за песната се снимаше во студиото FAMES, со оркестар во живо, под диригентската палка на Олег Кондратенко, а нотите ги распиша Владимир Ботев. Вокалот на Васил се снимаше во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а придружните вокали во Чикаго.
За песната е изработен и видео запис на повеќе локации, отсликувајќи го процесот на снимањето на песната во студиото FAMES, дел од сцените се снимани во Даут Пашин Амам во Скопје, а во спотот се прикажуваат и кадри од Културниот Центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време со Детскиот Хор од Чикаго.
Видео-записот во Скопје го снимаа и монтираа Ѓорги Вацев и Борче Димовски од Digital Box, а режијата е на Васил Гарванлиев.
Signori беа задолжени за стајлингот, додека за сценскиот настап на Васил се погрижи искусен тим од Шведска, Тине Матулеси и Мари Рибергер, кои беа задолжени и за сценскиот настап на Тамара Тодевска во 2019-та година.
Костимот за сценскиот настап е дело на костимографот Раде Василев.
Подолу во анкетата може да го кажете вашето мислење во однос на евровисизката песна. Гласајте.
Фото: Фејсбук/Официјален профил Васил Гарванлиев