Го држев за рака до последен здив: Исповед на сопругата на пејачот кој почина на 33 години од страшна болест

Сопругата на британскиот пејач Том Паркер (33), кој почина минатиот месец од рак на мозокот, даде шокантна исповед за британскиот „Дрим“ и ги опиша последните моменти кои ги поминала со својот сопруг.

„На крајот останавме сами и имаше толку многу љубов во собата“, рече Келси Паркер, додавајќи дека нејзиниот сопруг Том Паркер имал безболна смрт.

„Легнав на креветот со него. Бевме заедно, само го сакав тој момент со него. Не сакав никој да влезе во собата. Ни требаше тоа време заедно за да разговараме", ги опишала Келси Паркер последните два часа заедно со сопругот кој го држела за рака до последниот здив.

Како што рекла, му ветила дека ќе се грижи за нивните две деца, како и дека ќе ги научи на сите животни лекции што таа ги научила од него.

„И покрај се‘, ни беше убаво до самиот крај“, изјави таа.

Во интервју за британски „Сан“, Келси Паркер откри дека музиката на нејзиниот сопруг се пуштала во болничката соба на денот на неговата смрт.

Пејачот на бендот „Wanted“ почина минатиот месец од рак на мозокот, на 33-годишна возраст. Лекарите му го дијагностицирале ракот во октомври 2020 година, кога му предвиделе дека му остануваат уште 12 месеци живот.

И покрај дијагнозата, Том Паркер минатиот септември настапи во Ројал Алберт Хол во Лондон, на концерт посветен на борбата против ракот. Потоа замина на турнеја со бендот, но по некое време мораше да се откаже од настапот. Тој и неговата сопруга последен пат беа видени во јавноста на 15 март во лондонската 02 арена, каде што настапи.

Том Паркер ги помина последните денови во болницата Сент Кристофер во јужен Лондон, а беше погребан на 20 април со песната „Champagne Supernova“ на бендот „Oasis“, која пејачот ја обожавал.

„Да можеше љубовта да те спаси, ќе живеевме заедно засекогаш“, рече Келси Паркер на погребот, која имаше посебна порака за својата двегодишна ќерка Аурелиа: „Ќе дадам се од себе ангелите да се грижат за татко ти. .

Љубовта на Келси и Том Паркер трае уште од нивните тинејџерски денови.


Фото: Профимедиа