Познат пејач откри: Имам тумор на мозокот во напредна фаза

Пејачот Том Паркер откри дека има рак, а веста ја сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи.

Том Паркер, еден од пејачите од групата „The Wante“, објави фотографија на својот Инстаграм, а на обожавателите им откри дека му е пронајден тумор на мозокот.

Имено, тој додаде дека два дена пред да се направи фотографијата, открил дека е болен. Веста, признава тој, го исплашила, но е благодарен на неговото семејство за поддршката што му ја пружаа во овој тежок период од животот.

Тој објаснува дека станува збор за глиобластом - вид на тумор за кој сè уште не е најдено ефикасно решение. Во голема благодарност до семејството, тој посочува дека „поминал долг пат од моментот кога му била соопштена потресната вест“.

Во таа прилика тој ја нарече својата сопруга вистински борец, бидејќи покрај него се грижи и за нивните две деца, Аурелија Роуз и Бодија, кои немаат ниту две години.

- Два дена откако беше направена оваа фотографија, дознав дека имам тумор во четврта фаза и тоа го сврте целиот мој свет наопаку. Не се ни сеќавам на некои претходни денови. Како да има магла во која живеев. Но, поминавме долг пат од моментот кога дознав од што страдам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката што ми ја дадовте овие месеци. Благодарение на моето семејство и пријатели, кои се тука за мене и помагаат со децата, куќата ... Мојата убава сопруга, која се грижи за сè, е борец.

- Ветувам дека ќе продолжам да ве известувам, без оглед на тоа кој чекор ќе го направам. И да, се надевам на фантастична 2021 година - ја потпиша Том фотографијата.


Фото: Инстаграм/tomparkerofficial