„Ме убедуваа со три царски реза да не очекувам магични резултати, добро што не им поверував“: Ивана Карасарлидис како мотив за сите мајки и борбата со вишок килограми

Добивај вести на Viber

Ивана Начевска Карасарлидис е 37 годишна мајка на три прекрасни девојчиња: Лена, Петра и Ели која има само неколку месеци. Покрај тоа Ивана е и прекрасна сопруга. Но, и мајка која дефинитивно треба да биде инпирација и мотив за сите мајки кои се борат со вишок килограми. 

Зошто инспирација? Како и секоја мајка што поминува низ низа на потешкотии и психички и физички постпородилно, така и таа поминала, но денес веќе не е така, благодарение на нејзината силна желба за промена.

Промената Ивана решила да ја направи со професионален тренер и нутриционист, чија програма и помогнала да добие супер резултати.

„Најпрво уплатив за програма од 3 месеци, но соработката со мојот тренер Ивица Јанев ќе биде долгорочна до остварување на најдобрата верзија од мене зошто морам да истакнам дека оваа исхрана ја доживувам како начин на живот а не само како една обична.

Јас повеќе на дневно ниво не размислувам што ќе јадам, точно мене ми е испланирано и не отстапувам од дневната рутина“, вели Ивана која реши приказната за борбата со килограми да ја сподели со нас. 

„Кај мене резултатите уште во првата едела беа 4-5 килограми, нормално што за мене беше премногу охрабрувачки, веќе втората недела облеков фармерки кои што сум ги носела пред да останам бремена и тоа за мене беше WOW момент и мотив уште посилно и подисциплинирано да продолжам по зацртаниот пат. До крајот на 3-те месеци ослабев 14-15 килограми и одамна ми се преголеми фармерките кои некогаш едвај ги облекував“, додава Ивана.


Таа има интересна приказна како се споила со тренерот Јанев, односно како тој нејзе ја пронашол.

Знаете велат кога си подготвен учителот сам доаѓа па така некако беше и во мојот случај. 

Прелистувајќи ги приказните на Женски магазин ми излезе наслов како успеав да ги симнам килограмите после бременоста, го прочитав името на Ивица па почнав да истражувам и веднаш му се обратив, некако знаев дека се повикав на вистинскиот човек иако до тогаш немав слушнато за него и неговата работа… некои луѓе Господ ги праќа пак ќе кажам… кога си вистински спремен… Јас потекнувам од спортска фамилија и никако не можев да се помирам со килограмите и лошата форма. Главниот мотив ми беше и се уште ми е да се чувствувам добро во сопственото тело, да бидам здрава и способна да си ги одгледам моите дечиња како што треба!“ , додава Ивана.

Што вклучува нејзината исхрана ...

„Во најголем дел протеините се застапени во исхраната, но истата е толку избалансирана па има и масти и јаглехидрати и смутиња, сладоледи и напитоци предлог суплементи за еден убав и комплетен баланс на целото тело. Преубави рецепти кои јас на пример има повеќе ама протеинскиот сладолед/ шејк би го издвоила и сите кои што се во тек со мојата исхрана знаат дека го правам со такво задоволство што и никогаш не успеав да го пробам како сладолед бидејќи во истата секунда е веќе испиено.


Првпат кога нутриционистот Ивица ми ја прати програмата која всушност е најмалку 45 страни и е составена од вежби, едукација, мотивација, совети и нормално исхраната имаше дел кој почнуваше вака: Работам со 95 проценти успешност, немој да дозволиш да бидеш во тие 5 посто неуспешни приказни … За мене ова беше и тоа како мотив да не бидам во тие малкуте неуспешни (се смее). Сите кои добро ме познаваат знаат дека сум карактер кој не прифаќа да биде од оние неуспешните, а особено како стареам така се потешко прифаќам неуспех , не можам , не сакам , тешко ми е … Имаш зацртана цел и секоја одстапка од таа цел е недозволена !“, децидна е оваа 37 годишната дама.

Вели дека нeмала потешкотии во исхраната и дисциплината. Трите дечиња и организацијата околу нив била и главен предизвик да се организира, но како што истакнува ако нешто вистински се сака тогаш секогаш се наоѓа начин, а се друго се изговори.

„Мојот круг на луѓе, оние најблиските се и мојата поддршка, мотивација и инспирација да бидам поздрава, подобра, посреќна од секој можен аспект… Но, најмногу ме радува што гледајќи ја мојата трансформација ги потикнав луѓето што најмногу ги сакам и ми значат живот и тие да го направат истото за себе и некако тоа ми е најголемо задоволство. Бидејќи кога можам јас, можат и сите други!

Кој дел од режимот и бил најтежок, дали некоја омилена храна и фалела

„Па незнам и дали имав тежок дел од режимот од оваа гледна точка и преголемата желба за успех ми го направи ова искуство преубаво, а најмногу и се уште многу ми фали можеби банана и путер од кикирики (се смее) “ , ни открива Ивана.


Како се чувствува сега кога е полесна, колку тренинзите  и вежбањето и биле лесни...

„Јас сегде го истакнувам тоа дека не е само изгледот, јас сум полетна, здрава и тоа е пресудно што оваа исхрана станува начин на живот и не е само од една диета која после одреден период се навракаш на старите навики…

Бременоста ја поминав во комплетно мирување, трета бременост и трет царски рез па веројатно и најголемата потешкотија околу организација беше да се вметне тренингот во дневната рутина во морето од обврски и се уште е предизвик, но пак ќе кажам оној што навистина сака наоѓа начин!

Мене сите ме убедуваа дека веќе си ги имам годините па од тука и третиот царски рез и да не се надевам на магични резултати (се смее) а, моја среќа е што не им поверував!!! Сега со сигурност можам да им се обратам на сите оние што се двоумат, што не веруваат во себе или некој ги убедил дека не можат да се ОХРАБРАТ и да ја започнат својата трансформација… кога можев јас можат и сите други. Во Македонија имаме толку квалитетни луѓе полни со знаење кои несебично го даваат своето знаење, треба само да имаш цел и желба! Ивица е човек на кој безусловно му верувам … Маестро во секој смисол и како тренер , нутриционист, мотиватор , едукација да си го цениме најдоброто и да го направиме најдоброто за себе“, вели Ивана.


Што ја мотивира, исполнува Ивана ? 

Можеби ќе звучи како клише, но најголемата мотивација ми се токму моите дечиња, воедно се и најголемата причина за овој успех. Велат дека децата најдобро учат преку пример, со оваа трансформација сакав да им покажам дека желбата и знаењето кога ќе се спојат можат да постигнат врвни резултати во живот воопшто!! Ние родителите на поновата генерација деца се соочуваме со голем предизвик со технологијата која и тоа како го окупира нашето секојдневие, па затоа секој слободен миг го посветуваме и организираме децата да ги анимираме во долги прошетки на Водно и во природа, да ги анимираме што повеќе детството да го поминат во игра, да почуствуваат семејство какво што ние некогаш сме имале.



Ирена С.