Огромен балкон, лежалки и волшебен поглед: Сања Кужет ужива во поодмината бременост, покажа дел од својот дом (ФОТО)
Сања Кужет ја дели само еден месец од породувањето, а откако пред неколку месеци престана да работи во ТВ шоуто „Ѕвезде Гранда“, јавноста ретко може да ја види водителката.
Таа само од време на време објавува на социјалните мрежи и со следбениците споделува како го поминува времето додека е на породилно, а тоа го направи и овој пат.
Имено, Сања објави фотографија на која позира на луксузната тераса од својот дом и покажа како ужива во сончевиот ден. Пиеше кафе и уживаше во магичната глетка додека седеше на лежалка, а насмевката не можеше да ја сокрие.
„Драго срце, уште малку“, гласи еден од првите коментари што и ги испрати Марија Килибарда, а други продолжија да ја следат: „Машала“, „Убава“, „Браво“, „Колку си слатка“, „Уживај“ ...
Да потсетиме, Сања и нејзиниот сопруг Немања го очекуваат своето второ, а нејзино трето дете.
ФОТО: Инстаграм