Медицинско чудо: Жена која победи пет видови рак и живее без 11 органи

Добивај вести на Viber

Гејл Дин (72) од Сиднеј е баба на 10 внуци, но нејзиниот најголем подвиг е тоа што пет пати преживеа рак и отстранување на 11 органи, а сѐ уште е жива. Лекарите велат дека се работи за вистинско „медицинско чудо“.

„Многу лекари ми кажаа дека не познаваат никој кој имал пет различни многу сериозни карциноми и ги преживеал. Благодарна сум што сум жива“, рекла Гејл, а пренесува „Телеграф“.

Оваа баба на 38 години се сретнала со својата прва гадна болест, а тоа е ракот на дојката, кој го открила сосема случајно при превентивен преглед.

„Денес бесплатни мамографии. Никогаш порано не сме слушнале за нив. Мислевме дека може да биде забавно“, се присетува бабата на својата реакција кога ја здогледала таблата за превентивни прегледи на кои таа и нејзината пријателка отишле сосема случајно и кога ѝ била дијагностицирана првата страшна дијагноза.

Докторот ја известил дека има малигнен тумор од четири сантиметри во левата града, поради што Гејл била шокирана.

„Имав 38 години, се чувствував добро. Никогаш не сум имала поголем медицински проблем од каков било вид, но сепак тоа беше. Но, тоа е природата на ракот. Подмолен е“, објасни таа и рече дека веднаш помислила на трите деца бидејќи е самохрана мајка.

Нејзината главна мотивација биле децата и нејзината прва реакција била „како да се победи оваа злобна болест“, пренесува News.com.au.

По операцијата, г-ѓа Дин поминала низ шест месеци „многу тешка“ хемотерапија, поради што ја изгубила косата. Дури и по операцијата и третманот, г-ѓа Дин сè уште мислела дека ќе ѝ биде дадена друга дијагноза на рак.

Пет години подоцна, во 1996 година, за време на мамограм, лекарите ѝ рекле дека има рак на другата дојка. Овој пат барем знаеше со што си има работа.

„По првиот рак влегов во режим на борба. Отсекогаш сум го гледала ракот како непријател кој треба да се победи. Не го гледав како убиец или нешто од што треба да се плашам. Ќе го преболам“ објасни Гејл.

Но, хемотерапијата од неколку години претходно го наплати својот данок и „ги расипа нејзините системи“. Само три години по вториот рак, следуваше третата дијагноза.

Гејл отишла на гинеколог откако доживеала вагинално крварење за да се увери дека сѐ е во ред.

„Докторот седеше на креветот и имаше солзи во очите. Потоа ми кажа дека целата матка ми ја „изел“ ракот“, рекла Гејл и додала дека набрзо била оперирана за отстранување на матката.

По третата операција, Гејл била во мир 16 години во кои навистина уживала, патувала и се заљубила во сегашниот сопруг. Меѓутоа, во 2015-та година, за време на редовна колоноскопија, беше откриено дека има рак на карлицата со големина на тениско топче.

Тој период по операцијата ѝ бил најлошиот во животот. „Деветте најлоши недели“ ги поминала во кревет, немала мотивација за живот и мразела да живее.

Третманот бил успешен, но со себе морала да носи торба за колостомија.

Минатата година, кога отишла на рутински преглед поради блокада на дебелото црево со нејзината торба за колостомија, лекарите откриле рак на нејзиниот лев бубрег.

„Тоа беше голем шок, но мојот специјалист рече дека тоа не е проблем и дека ќе ми го извади бубрегот“, објасни таа.

Откако го преживеала ракот и ѝ биле отстранети повеќе органи, вклучувајќи ги градите, 26 лимфни јазли, матката, јајцеводите, јајниците, жолчното кесе и левиот бубрег, 72-годишната жена се надева дека ракот нема да се врати.

Во 2017-та година, таа одлучи да се тестира за мутација на генот BRCA, кој испадна позитивен и ги објасни нејзините први два рак на дојка.

Таа сега им помага на другите откако се согласи да стане предмет на истражување на ракот и ги повика сите да подлежат на превентивни прегледи за да имаат време да реагираат доколку ги зафати оваа страшна дијагноза, пишува „Телеграф“.


Извор: 6yka.com