Го има најсовршеното тело меѓу манекенките, а на 49 години изгледа како милион долари: Сега соблече сè од себе и го запали Инстаграм

Хајди Клум дефинитивно знае како да привлече внимание! Познатата манекенка на Инстаграм сподели бурна фотографија на која позира целосно гола - без ниту едно парче облека на себе.

Згодната манекенка очигледно нема проблем со голотијата, бидејќи ги покажа најинтимните делови од телото додека лежи на голем, брачен кревет.



„Врати се во кревет, душо“, напиша поранешниот ангел на Викторија покрај фотографијата, а оваа порака веројатно била упатена до нејзиниот млад сопруг Том Каулиц (32).



Познатата 49-годишна девојка ја покажа својата витка фигура, долгите нозе, но и беспрекорно затегнатиот, рамен стомак, а доволен е само еден поглед за да се разбере зошто Хајди е сè уште една од најбараните манекенки во светот, дури и иако веќе е во својата петта деценија.



Инаку, русокосата убавица еднаш призна дека се чувствува опуштено и удобно и со и без облека. 

„Пораснав на нудистичките плажи со моите родители, па и самата сум нудист. Колку што сакам да носам убава облека и парчиња, сакам и да не носам премногу“, изјави таа во 2016 година.


ФОТО: Инстаграм