Го одземаат здивот: Ова се најнеобичните плажи во светот (ФОТО)

Неколку часа на плажа понекогаш се сè што е потребно за да се чувствувате живи, одморени и освежени.

Но, што е подобро од место за седење додека ве смируваат морските бранови? Невообичаено убава плажа која ви носи не само мир, туку и уште поголемо уживање за очите.

Без разлика дали се работи за боите на песокот, карпите или ноќните светла, секое од овие плажи  имаат специфична карактеристика што ги прави уникатни.


Плажата Giants Causeway, Ирска

Оваа плажа е формирана пред 50-60 милиони години кога базалтната лава се издигнала на површината на морето и се оладила, што резултирала со овие столбови.


Плажата со розев песок (Pink Sands Beach), Бахамите

Оваа необична боја е произведена од коралните остатоци што се распаѓаат и се наталожуваат на белиот песок.


Плажата Папаколеа (Papakolea beach), Хаваи

Зелениот песок на оваа плажа на Хаваите е предизвикан од минералот оливин, кој се формира од лава.


Скриената плажа на островот Мариета, Мексико

Се верува дека оваа плажа во Мексико настанала по експлозија од бомба која случајно паднала на ова место во минатиот век.

Плажата Коекохе (Koekohe Beach), Нов Зеланд

Овие огромни камења се седиментни карпи формирани пред милиони години. Според научниците, тие се резултат на ерозија на крајбрежјето.

Стаклена плажа (Glass Beach), Калифорнија

Стаклената обвивка на песокот е резултат на ѓубрето кое се акумулирало низ годините.


Малдивска плажа која блеска ноќе

Овој сјај го произведуваат микроскопски биолуминисцентни растенија кои испуштаат светлина кога се движат од брановите.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: unsplash

Можеби ќе ве интересира:

- Доколку летово планирате одмор во Албанија: Ова се најубавите плажи и совршени локации за вашите летни фотки