Го сакала него пред Доналд Трамп: Овој Словенец некогаш бил момче на Меланија (ФОТО)

фотo:Profimedia

Поранешната прва дама на Америка Меланија Трамп е во брак 16 години. Со оглед на тоа дека е во брак долго време, тешко е да ја замислиме со маж кој не е Доналд Трамп. Но, пред да го изговори судбоносното „да“ на поранешниот претседател на Америка,  поранешната манекенка, се разбира имаше други момци.

Меланија го запозна Доналд на Модната недела во 1998 година, кога имаше 28 години. Иако Трамп тогаш беше во втор брак со актерката Марла Мејплс (пред тоа со Ивана Трамп), тоа не го спречи да ја покани интригантната Словенка на состанок. Како што објасни некогашната првата дама за медиумите: „Разменивме броеви, а останатото е историја“.

По венчавката во 2005 година во Флорида, двојката го доби синот Барон, а набргу потоа Трамп одлучи да се кандидира за претседател.

Штом стапалото на Доналд стапна во Белата куќа, новинарите сакаа да знаат се' за неговата сопруга. Иако беше тешко да се следи нејзиното минато, кое е добро скриено, еден човек сепак остана како опашка за Меланија - Јуре Зорчиќ од Словенија.

Меланија и Зорчиќ се забавувале додека Меланија се' уште живеела во Словенија, поточно, седум години пред да го запознае Доналд.

"Беше како во филм. Беше жежок летен ден во 1991 година и беше ново утро за политичката ситуација во нашата земја, опкружена со војна. Градот беше празен и блокиран од армијата. Возев мотор на улица. Ја забележав и се запрашав - која е таа? Бидејќи многу ми се допадна, ја следев “, изјави Јуре за телевизијата„ АБЦ “.

Jure Zorčić-фотo:Profimedia

Според Зорчиќ, тој бил во врска со Меланија неколку години, а потоа сопругата на Трамп одлучила да ја напушти земјата кон средината на 1990 -тите и својата професионална среќа да ја побара во модните центри - Италија, Франција и конечно во Америка.

Имено, како што напиша „Vanity Fair“ пред Доналд, Меланија не излегувала толку често на состаноци со други мажи и Јуре е единствениот, познат за јавноста, поранешен на Меланија.

извор:zena.blic.rs