Ѝ го цензуираа настапот поради премногу голотија, таа од револт го смени цел изглед: Која е Ронела Хајати евровизиската претставничка на Албанија?

Албанската претставничка завчера се појави на отворањето на Евровизија во необично издание, а како што беше откриено причина за тоа е нејзиниот револт бидејќи нејзиниот настап бил цензуриран од организаторите.

На церемонијата по повод свеченото отворање на манифестацијата, Ронела се појави облечена во костим со чуден дизајн, а на главата носеше кариран детаљ кој буквално и го покриваше лицето.

Според медиумите од Торино, Ронела дошла така облечена со причина, а тоа е – револт.

Пејачката е лута затоа што организаторите и го цензурирале настапот, поради, како што навеле, премногу голотија.

View this post on Instagram

A post shared by RONELA (@ronelahajatiofficial)



Од таа причина, таа беше принудена целосно да го промени концептот на својот настап и да избере друга креација, која според нивните правила не е толку експлицитна.

А ова е настапот на цензурираната албанска претставничка:

@eurovision The Sekret's out! Check out this exclusive look at @Ronela Hajati’s first rehearsal on the #Eurovision stage! #Eurovision2022 #tiktokeurovision original sound - Eurovision


И албанците ја критикуваа својата претставничка: „Евтина патетика, џабе полетала“

Пред неколку дена, Ронела Хајати имаше прес-конференција на која зборуваше за тоа што ја турка напред во животот, но тоа очигледно никому не му било интересно.

Прашањата и одговорите на прес-конференцијата очигледно не беа забележани, бидејќи Ронела Хајати носеше моден детаљ на главата, кој според многумина изгледаше евтино и кич.



Повеќето нејзини сограѓани сепак на некој начин го пофалија овој изглед, но другиот дел од нив очигледно не беше воодушевен.

Имено, според многумина, евтиниот абажур на глава не е достоен за нивната претставничка, која со таквиот стајлинг изјави дека го изгубила татко ѝ и дека тој на некој начин сепак и дава внатрешна сила.

View this post on Instagram

A post shared by RONELA (@ronelahajatiofficial)



„Што сакаше да каже авторот, кој е стилист“, „Се за внимание“, беа некои коментари.

„Ронела, бидејќи ја има најслабата песна со која сме биле претставени, реши да ја искористи својата облека и тело за да ги натера луѓето да зборуваат за неа. Крај. Жал ми е за Албанците кои полетаа џабе“, ѝ пишаа во коментар.

Која е Ронела Хајати?

Ронела Хајати (Тирана, 2 септември 1989) попозната како Ронела е албанска пејачка, текстописец и танчерка. Родена и израсната во Тирана, Албанија, како дете учествувала на разни натпревари во пеење и танцување пред да започне пејачка кариера. Таа е позната по нејзината сестраност во музиката, стилот и изведбите. Со победата на 60-тото издание на фестивалот на албанска музика, таа го доби правото да ја претставува Албанија на Евровизија 2022 година со песната „Secret“.


Фото: Инстаграм