И кога саканите ќе заминат, љубовта нема: Потресен некролог кој сопругот и синот ѝ го посветија на Марина Туцаковиќ

Последната желба на Марина беше да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта, а не во Алејата на заслужните граѓани

Марина Туцаковиќ почина на 19 септември, а ќе биде погребана во среда, 29 септември, во 12:30 часот на Новите гробишта во Белград.

Сопругот на Марина Туцаковиќ, Александар Фута Радуловиќ и синот Милан се простија од Марина.

- И кога саканите ќе заминат, љубовта нема. И смртта нема да владее - напишаа Фута и Лања во некрологот.

Да потсетиме, последната желба на Марина беше да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта, а не во Алејата на заслужните граѓани.