И ПОКРАЈ ИНФЛАЦИЈАТА, СМЕСТУВАЊЕ ЗА ЧЕТВОРИЦА ЗА 200 ЕВРА, специјалните понуди ги мамат Македонците

Сместување за двесте евра за четири лица, или пак за 150- 160 евра за три лица на повеќе локации во соседна Грција може да се најде во специјалните понуди на туристичките агенции. Доколку некој може во краток рок да ги спакува куферите може да најде многу поевтини понуди од вообичаените. Се она што им останува нераспродадено, агенциите го огласуваат на своите веб страни во „ласт минут“ понуда. Па така за овој викенд можеше да се најдат понуди за 200 евра сместување на брегот на Егејско море за четворица за седум вечери.

Изборот ги вклучува Лептокарија, Паралиа, Калитеа, Сарти, Геракини... Но, понуди по смалени цени има и за соседна Албанија, дестинација која и без попустите има поевтини цени отколку Грција.

-Прв пат одиме на одмор со понуда која сме ја уплатиле само три дена пред терминот за сместување. Цената е многу пониска од минатите години, но тоа покрај попустот за ласт минут резеравации се должи и на терминот. Крај на јуни се уште се пониски цените, не како понудите кои ги гледавме за јули и август. Се одлучивме за сега да летуваме, со цел да заштедиме, во сезона, кога планиравме да одиме цените се два до три пати поскапи. Сега децата се големи и можеме да се спакуваме за кратко време и да ги искористиме понудите – вели скопјанката Николина Тошевска.

Целата тема читајте на Фактор тука.