Ѝ се доверила на мајка си, па добила „нож вo грб“: „Случајно дознав дека вереникот ме лаже, а таа ги влече сите конци“

Таа го запознала преку пријател и му платила да ме однесе на нашата прва средба

Неодамна корисник на „Базфид“ раскажа како ја откажал својата венчавка, па ги замолил други кои се нашле во таа ситуација јавно да ги споделат причините поради кои се предомислиле пред големиот ден.

Меѓу бројните објави, една од највпечатливите била објавата на невенчана невеста која, како што вели, „се шокирала кога пред неколку месеци дознала дека мајка и постојано му плаќала на вереникот да излегува со неа...“

Тие биле заедно, вели таа, два месеци кога ја запросил - и тоа со скап прстен. Кога започнала приказната за венчавката, нејзините родители веднаш се понудиле да платат за се и да бидат организиратори, а кога наивната невеста го прашала зошто неговите родители не сакаат да учествуваат, тој и рекол дека неговото семејство не е богато.

Поради тој сув одговор, вели таа, решила да отиде до златарницата каде што е купен прстенот и да дознае колку вреди, а штом го видел уникатот, продавачот веднаш и го опишал купувачот.

- Ми кажа дека прстенот е уникатен и јасно се сеќава на жената што го купила - го опишала девојката моментот кога сфатила дека нејзиниот прстен го купила нејзината мајка, а не нејзиното момче.

Но, и тоа, вели, би можело некако да се објасни, ако мајка и не го купила ни еден месец пред да почнат да се забавуваат двајцата.

– Се испостави дека го запознала преку пријател и му платила да ме однесе на нашата прва средба, бидејќи неколку месеци претходно и реков дека ме привлекуваат двата пола, што очигледно ја исплаши – вели таа.

Мајката признала дека очајна да ја омажи ќерка си што поскоро, ги платила сите излегувања, па дури и прстенот.

- Чувствував дека не ја прифаќа целосно мојата бисексуалност - вели девојката и додава дека ја раскинала врската со својот вереник само неколку недели пред свадбата. Сега се гледа со супер девојка, а веќе ништо не и кажува на мајка си.