Илон Маск проговори за Џони Деп и Амбер Херд: Милијардерот шокира со зборовите за актерот и поранешната партнерка

Илон Маск го коментираше случајот со Џони Деп-Амбер Херд.

Познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд се во центарот на светското внимание поради конфликтот и судските спорови кои ги водат, а ситуацијата дополнително ја зачини и милијардерот Илон Маск.

Сето ова не би било интересно доколку Илон не беше поранешен партнер на Амбер Херд, а мултимилионерот го искажа својот став на Твитер.

- Се надевам дека и двајцата ќе можат да продолжат понатаму. Во своите најдобри изданија и двајцата се неверојатни луѓе – напиша Илон во објавата.


Не се знае кога точно Маск ја започнал врската со Херб, но Џони Деп беше остар кон него, го обвини дека во неговата куќа имал тројка со Амбер и Кара Делвињ.

Херд во тоа време сè уште беше во брак со актер.

Маск стана тема и за време на судењето кога како сведок беше повикан поранешниот агент на Деп, Кристијан Карино. Кристијан, кој претходно беше свршен со Лејди Гага, беше прашан дали Маск и Херд биле во врска во 2016 година.

- Не знам дали излегуваа, но дефинитивно поминауваа малку време заедно - рекол Кристијан.

Да потсетиме, Амбер Херд го обвини Џони Деп дека се*суално ја злоставувал, а неодамна изнесе страшни детали.

- Лежев на работната површина. Мислев дека ме удира. Чувствував огромен притисок на интимните делови и како неговата рака се движи. Се плашев да се движам бидејќи не знаев дали шишето е скршено - додаде познатата актерка и се расплака.


Фото: Youtube - screenshoot

Што точно претставува гранично растројство на личноста кое што го има Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп