Што точно претставува гранично растројство на личноста кое што го има Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп

фото: илустрација instagram.com/sebeslozuvalka  /  Youtube - screenshoot- Entertainment Tonight 

Џони Деп и Амбер Херд ги дадоа и последните зборови на судењето, а сега се чека на одлука на судијата.

Откако Деп ја тужеше поранешната сопруга Амбер и целото судење јавно го следеше цел свет, сега се очекува судијата да пресуди и случајот да добие епилог.

Меѓутоа во меѓувреме констатирано е дека Абер е дијагностицирана со нарушувањето гранично растројство на личноста, па голема е веројатноста тоа да влијае на пресудата иако според начинот на кој се одвиваа досегашните излагања и по многуте сведочења, тешко е да се претпостави во чија корист ќе пресуди судот. 
А дотогаш, психолозите од „Себе сложувалка“ се потрудија да ни објаснат што точно претставува гранично растројство на личноста кое што го има Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп. Преку Инстаграм пост, тие објаснуваат со што се карактеризираат личностите кои го имаат оваа нарушување и како им влијае на нив, но и на луѓето околу нив: