„Им пукаа директно во тилот или во срцето“: Очевидецот Козловски за егзекуциите во Буча

По повлекувањето на руските војници од Буча, на интернет се појавија фотографии од масовни гробници со егзекутирани цивили. Според украинските власти, во последниот месец се убиени најмалку 300 луѓе.

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова рече дека 410 тела биле пронајдени во градовите во близина на Киев како дел од истрагата за можни воени злосторства од страна на руските сили, но додаде дека некои сведоци биле толку истрауматизирани што не можеле да зборуваат.

Сателитските снимки покажуваат дека градот е речиси целосно уништен. Украинскиот портал ВотТак ТВ Белсат, кој емитува вести на руски јазик во Белорусија, а неодамна беше блокиран во Русија, разговараше со Владислав Козловски, очевидец на егзекуциите врз жителите на Буча. Во овој окупиран град живеел еден месец.

Детали читајте на Фактор тука.