Има 26 години, а веќе плива во милиони: Почнала од нула, се откажала и од образованието поради својот бренд

- Со оваа трговија и онлајн продажба целиме на добивка од 2 милиони фунти годишно - објасни таа.

Бриони Гортон (26) започна со својот бренд за облека „Talliah Rose“ пред шест години, а бизнисот ѝ процвета поради пандемијата.

Сега таа тврди дека секој може да започне бизнис од својата спална соба, дури и без големи инвестиции. Благодарение на својот успешен бренд, Бриони купила куќа со четири соби кога имала само 24 години, а вредноста на оваа куќа се проценува на 400.000 фунти.

Таа не застанува тука, а апетитите само растат.

- Со оваа трговија и онлајн продажба целиме на добивка од 2 милиони фунти годишно - објасни таа.

View this post on Instagram

A post shared by Briony Gorton (@brionygorton)


– Видовме многу големи брендови како ги затвораат своите продавници и јас го видов тоа како можност на нивно место да дојде нов бренд – објасни таа.


Бриони имала само 100 фунти кога го започнала бизнисот, користејќи ги парите што ги заработувала работејќи викенди во Пандора како помошник продавач. Парите ги вложила во дизајн на бикини, украсен со кристали Сваровски, кој го носела за нејзините 4.000 следбеници на Инстаграм.


- Дизајнирав костими за капење кои не сум ги видела. Потоа ги однесов моите идеи кај шивачка која беше семејна пријателка и таа го оживеа мојот дизајн – рече таа.

Потоа отвори профил во „Depop“ – нова продажна платформа слична на „eBay“, но наменета за помладата генерација – објасни таа.

- Наскоро почнав да примам нарачки- изјави Бриони.

Тогаш била студентка на „Манчестер Мет“, но поради работа го запоставила студирањето и на крајот го напуштила факултетот.

View this post on Instagram

A post shared by Briony Gorton (@brionygorton)


Сега целосно го разви својот бренд, а во бизнисот го вклучи и семејството. Една од нејзините идни цели е нов дом од соништата, со нејзиното момче, фудбалерот на „Бат сити“, Џои Рејнс (26).

Извор:www.espreso.co.rs