Има 50 години, а секој нејзин стајлинг е инспирација: Од основни парчиња облека прави изгледи како од списание
Иако речиси сите сме нон-стоп на социјалните мрежи, и мислиме дека сме виделе сѐ, сепак скоро секој ден наоѓаме некоја нова инспирација особено со модниот стајлинг. Една жена го прави тоа со неверојатна едноставност, а секој нејзин изглед е хит.
Иако модните трендови се наметнуваат од недела во недела, а светските и домашните инфлуенсери ни ги пренесуваат секојдневно, има една жена чиј стил не е во категоријата на девојки облечени со стил кои носат исклучиво брендирани гардероби и додатоци кои се недостапни за многумина. Нејзиното име е Лариса Милс.
Таа е жена која има околу 50 години, а со својот стил ги полуде жените кои ја следат на Инстаграм и ТикТок.
Цврсто се држи до класиката, нејзиниот плакар е место со кое многумина од нас лесно може да се идентификуваат, па освен фармерки, носи едноставни предимензионирани кошули, кардигани, рамни чевли и брендови кои се многу подостапни за секого.
Својот стајлинг го заокружува со парче накит, часовник и чанта, а ние лесно можеме да ја ископираме секоја нејзина комбинација и да ја направиме своја.
Во галеријата погледнете некои од нејзините најуспешни стајлинзи и задолжително заследете ја бидејќи жената е навистина ризница на инспирација која сè уште ни е очајно потребна од време на време:
Фото: Инстаграм
ГАЛЕРИЈА: