Има скоро 80, а изгледа како жена од 40 години: Жаклин Смит го откри еликсирот на младоста! (РЕЦЕПТ)

Помина речиси половина век од првата постава на култните „Чарлиеви Ангели“, а токму улогата во оваа криминална серија на Жаклин Смит ѝ донесе светска слава. Се етаблираше како своевиден секс симбол кон крајот на 70-тите, а со совршениот изглед може да се пофали и денес, иако е во осмата деценија!

Имено, Жаклин во октомври ќе го прослави својот 77-ми роденден, но нејзините фотографии не го покажуваат тоа. Уште повеќе, таа изгледа речиси подеднакво млада и убава како во моментите кога блескаше како ангел на Чарли.

Таа неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира во фармерки и бела кошула, со ноншалантни бранови во косата и сјајна шминка, а никој не би претпоставил дека оваа дама има над 50 години! Има прекрасно лице без брчки, одлично држење, негуван тен и бујна коса, па навистина е тешко да се поверува дека оваа дама се ближи до 80-тата година од животот.


Иако веруваме дека естетската хирургија ги измешала прстите во нејзиниот фантастичен изглед, Жаклин е многу посветена на негата на кожата и телото - таа не ја прескокнува својата естетска рутина, а редовно практикува и јога.

Во една прилика откри дека волшебното зелено смути кое го пие секој ден има удел во тоа што изгледа младо, но и дека ја полни со енергија, па сподели рецепт за истото.


„Многу е вкусно и ми дава енергија. Еве го рецептот. Ставете половина краставица, половина јаболко, едно стебленце целер, едно парче ѓумбир, 1/4 чаша спанаќ, 1/4 чаша кељ, 1/4 сок од лимон, во блендер. Додадете вода колку да ги покриете половина од истурените состојки, добро изблендирајте и истурете во омиленото шише. Уживајте“, напиша таа.


Инаку, г-ѓа Смит ужива во бракот со хирургот Бред Ален од 1997-ма година, а тој ѝ е четврти сопруг. Таа има две деца - синот Гастон и ќерката Спенсер, а ги доби за време на третиот брак со режисерот Тони Ричмонд.

Извор: stil.kurir.rs