Интелектуални и атрактивни заводнички: Што навистина мислат мажите за жените кои носат очила

фото:pinterest

„Се сеќавам на моите факултетски денови. Некои девојки носеа очила затоа што навистина им беа потребни, додека други ги носеа како моден детаљ. Сфатив дека мажите ги привлекуваат жени со наочари, но зошто?“

Истражувавме малку да видиме дали е навистина така и ова се некои од причините зошто мажите сакаат жени кои носат очила: 

1. Интелигенција. 
Мажите велат дека жените со очила изгледаат поинтелигентно. Можеби тоа е влијание од филмовите, бидјеќи интелигентните жени во филмовите се секогаш претставени со очила, но не би знаеле. 

2. Мистичност.
Девојките со наочари не откриваат сè за себе. Дури и
 со промената на рамката, дамите добиваат нов имиџ. Мажите сакаат мистерии, па затоа наочарите на вашето лице можат да ги привлечат. 

3. Женственост.
Има мажи кои сметаат дека носењето наочари е женствено. Жените со наочари им го привлекуваат вниманието и гледаат нешто уникатно и привлечно во нив.

4. Уникатност.
За личноста на жената зборува и типот на очила. Рамките на очилата покажуваат колку сте индивидуални и единствени. 

5. Модерни дами.
Очилата се и одличен моден детаљ за сите стајлинзи. Дамите со наочари изгледаат модерно и софистицирано.

6. Самодоверба.
Понекогаш очилата можат да бидат знак на самодоверба и силна личност. 

7. Очи.
Постои изрека дека очите се огледало на душата. Така вели поговорката, така велат книгите и филмовите. Ако сакате да видите што некој искрено мисли за вас и какви чувства негува кон вас - погледот во очи ќе ви помогне да откриете.
А очилата, иако ги покриваат очите, ги тераат мажите да обрнат повеќе внимание на тој дел од телото. 

8. Нежно лице.

Има нешто во расположението што дамите со наочари го кријат. Очилата несвесно ја прават жената поубава, помистериозна.

9. Истакнување.
Девојката со очилата не е тешко да се забележи во толпата. А м
ажите сакаат кога жените ќе се издвојат од толпата. 

10. Драма.
Драмата е вклучена во сè. Има нешто драматично кај жените со наочари. Кога се лути, начинот на кој ги вадат очилата од лицето може да изгледа привлечно и драматично.

11. Сексапил.
Жените со очила многу често се синоним за сексапил и атрактивност, според многумина жените со очила се најголеми заводнички.

извор:pult24