Испеглајте облека без пегла: Скратете си ги маките со овој генијален трик

Воопшто не мора да ја пеглате облеката, а решението е многу едноставно - само ставете две или три коцки мраз во машината за сушење.

Извршниот директор на „Landry Heap“ Дејан Димитров откри дека повеќето алишта од машината за сушење може да се испеглаат сами ако во неа ставите само две или три коцки мраз.

- Топлината во машината за сушење ќе го стопи мразот и ќе создаде пареа, која ќе ги исправи повеќето набори на облеката - рече Димитров, а ако се прашувате дали навистина функционира овој трик, погледнете го видеото објавено на каналот на американското шоу „Добро утро Америка“, наречена „Родители, овој трик може да ви го промени животот“.