Изгубив свест, едвај ме вратија: Миа Костова доживеа траума

По трауматичното здравствено искуство кое го доживеа во неодамна Охрид, водителката Миа Костова вели дека добила аларм малку да забави со темпото и повеќе да внимава на себеси.

„Имав колапс. Можеби не е ништо страшно, но ми се случи за прв пат во животот и ми беше прилично трауматично“, ни раскажа водителката откако на социјалните мрежи на кусо објави што ѝ се случило.  Влегувајќи на ручек во еден од рестораните на Свети Наум, таа се онесвестила пред синот Андрија, пред мајка ѝ и пред блиска другарка.

„ Одеднаш изгубив свест пред син ми и пред мајка ми. Две минути не можеле да ме вратат. Седнавме на ручек и најверојатно од многу ладно влегов на претопло, до едно ќумбе. Одеднаш ми паднал притисокот. Наместо да легнам, јас станав да се спасам на воздух“, вели Миа и додава дека е голема среќа што во моментот кога паднала, ја спасила другарка ѝ.

„ Потоа сум се онесвестила. Не знам како ме вратиле, имаше многу луѓе околу мене кога се освестив. Ми ја отварале устата, веројатно и јазик сум проголтала. Ми раскажаа дека сосема сум помодрела. Само земав воздух одеднаш и се разбудив. Паднав лошо со глава во дрво, среќа е што дргугарка ми што беше со мене ме задржала да не паднам на земја. Брзата помош стаса многу брзо“, се сеќава Миа и вели дека кога се  вртила во Скопје, направила детална анализа која покажала дека нема здравствени проблеми.

Сега откако поминаа речиси две недели од случката која можела да заврши фатално, Миа вели е плашлива и многу претпазлива и поинаку гледа на животот.

„ Во моментов имам страв од случката и чувствувам паника кога седам во гужва и во затворен простор. Во секој случај е некој аларм да се успори или да се одмори барем. Иако знам дека им се случило на многумина сепак е трауматично искуство кое се надевам нема никогаш да се повтори. Лекарите ми дадоа совет, ако следен пат се почуствувам слично што да направам, па се надевам дека ќе е прво и последно“, ни раскажа водителката.

На својот Фејсбук и Инстаграм профил таа објави статус во кој вели дека по последниве случки, научила оти не постојат доволно силни причини за нервоза, тага и лоши мисли.

М.Џ.