Изолирани, без вистински пријатели, плус коронавирус: Дали е ова најосамената генерација во историјата?

Сведоци сме дека луѓето денес се многу осамени. Последиците од модерниот начин на живот направија да се чувствуваме осамено и отуѓено од другите, но и се потешко да склопуваме пријателства. Плус, и коронавирусот се наметна како најнепосакуван гостин...

Милениумците се една од најосамената генерација во историјата. Најновите истражувања покажаа дека скоро една третина од луѓето на возраст од 22 и 37 години се чувствуваат осамено. Во споредба со нив, само 15% од луѓето кои се дел од бејби бум генерацијата се чувствуваат осамено.

Она што е уште потажно е фактот дека 20% од милениумците тврдат дека немаат вистински пријатели околу себе.

Психолозите ширум светот го пренасочија своето внимание кон тоа дека светот се наоѓа во голема опасност од епидемијата на осаменоста. Изолацијата полека го нарушува менталното здравје, а тоа води до уште поголема изолација и осаменост. Изолацијата се смета за виновник за зголемената бројка на смртни случаи од очај, вклучувајќи фатални пијанства со алкохол, предозирање од наркотични средства и самоубиства.

Старите генерации имаа многу помалку начини за комуницирање. Милениумците на располагање имаат различна технологија, која не само што им дозволува да се допишуваат и да се слушаат, туку можат да остварат видео повик со било кој, на било кое место во светот.

Тука се и друштвените мрежи, кои уште повеќе ги поврзуваат, но без разлика на нив и ваквиот вид на комуницирање, порастот на бројот на осамени луѓе се уште расте. На прашањето колку пријатели имаат, најчестиот одговор е од 1 до 4 пријатели.

Новите истражувања покажуваат дека новите пријателства не се толку силни како некогашните. Бејби бумерите беа најпријателска генерација. Дури 30% од милениумците одговориле дека веќе никого не го сметаат за најдобар пријател, пишува „Daily Mail“.

За ваквата лоша статистика научниците ги обвинуваат друштвените мрежи кои просто ги тераат луѓето постојано да се споредуваат со другите и да бидат под притисок. Затоа се препорачува да ги послушаат советите од постарите и да изградат силни врски и искрени односи со пријателите, бидејќи тоа најмногу ќе им придонесе за подобрување на нивното ментално здравје.