Извршена е втората трансплантација на срце во Македонија

Доцна вечерта на Клиниката за кардиохирургија  заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, а беше извршена кај момче во дваесетите години, кое подолго време чекало донор, објави А1он.

Донорот инаку е  20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што претходно изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи. 

Инаку првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а  пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор. 

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“..