Ја прими и претседателот Рамафоса: Јужна Африка е првата земја што ги користи вакцините „Џонсон и Џонсон“

Ја прими и претседателот Рамафоса: Јужна Африка е првата земја што ги користи вакцините „Џонсон и Џонсон“

Вакцината ја прими и претседателот Сирил Рамафоса

Вакцинацијата против коронавирус започна и во Јужна Африка, и таа е прва земја во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson).

Првата доза од 80.000 вакцини ја прими една медицинска сестра во болницата во Кејп Таун пред медиумите.

Вакцината ја прими и претседателот Сирил Рамафоса.

Уште 420.000 дози на американската лабораториска вакцина наскоро треба да пристигнат во Јужна Африка. Оваа вакцина обично се дава во една доза.


Фото: Ројтерс