Јелена Ѓоковиќ сподели совет вреден злато: Откри што прави за да изгледа младолико без ботокс и филери

Познато е дека сопругата на Новак Ѓоковиќ води здрав живот, а сега откри и која е тајната на нејзиниот младолик изглед...

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ води сметка за тоа како се храни, а освен тоа таа одржува младолик и здрав изглед на кожата.

Неодамна на својот Инстаграм профил сподели видео во кое на сите сакаше да им објасни како на едноставен и неинвазивен начин можат да го повратат младоликиот изглед на кожата.

Јелена е поборник на природните средства, никогаш не користела ботокс, ниту филери, а еве што прави за нејзината кожа да изгледа негувано и здраво.

Во прашање е јога на лицето или фитнес на лицето, вежби кои може да се прават за подобрување на тонот на кожата.

View this post on Instagram

A post shared by Sensa Magazin (@sensa_magazin)

Овој совет може да помогне за кожата да ја задржи својата виталност, но и опуштените делови на кожата да може повторно да се затегнат.

Ништо не треба да плаќате, само треба да одвоите малку време и трпение.

фото: Принтскрин / Инстаграм