Каде и да се појават креваат прашина: Младата сопруга на Винсет Касел со впечатлива креација ги украде погледите во Париз

Синоќа, на гала прославата на брендот Булгари во Париз, сите очи беа вперени во Тина Кунаки (25) и Винсент Касел (55), сопружници кои креваат прашина каде и да се појават. Тина уште еднаш покажа дека е мајстор за предизвикувачки изданија и дека непогрешливо избира креации во кои не може да остане незабележана.

Убавата 25-годишна девојка блесна во впечатлив, модерен аутфит, избирајќи лимон зелен, долг фустан со потписот на брендот Y / Project.



Оваа необична креација ја красеа предолги ракави, горниот дел во форма на кошула, но и карактеристичен, храбар шлиц на стомакот што ја направи целата оваа модна приказна попривлечна.

Госпоѓа Касел ја комплетираше комбинацијата со тенок, лакиран ремен во бојата на фустанот и скап накит што придонесе за гламурозниот ефект. Нејзиниот 31 години постар сопруг се одлучи за класичен црн костум и бела кошула, со кои намерно откопча неколку копчиња за да изгледа полежерно и бунтовно, а познат е по ваквите изданија. Францускиот актер никогаш не изгледа премногу елегантно и формално, но обожава да остава малку див впечаток.



Сопружниците важат и за модни магионичари и за совршено стилизирана двојка, која редовно воодушевува со својата урбана и оригинална облека, а публиката ја сака нивната специфична харизма и фактот што се многу склони да разменуваат нежности во јавноста и постојано да се допираат, гушкаат и љубат.

Да потсетиме, парот е во брак од 2018 година, а ја имаат и ќерката Амазонија. Романсата започна кога Тина имаше само 18 години, набргу откако Касел стави точка на бракот со Моника Белучи. Повеќето беа убедени дека францускиот шармер никогаш нема да најде жена која ќе и парира на италијанската дива, но изборот на младата и згодна Тина дефинитивно ги убеди сите.



Многумина тврдат дека новата госпоѓа Касел е поубава и од Моника, а парот е ИТ пар на Инстаграм - имаат многу навивачки групи и многумина го обожаваат нивниот моден стил, но и споделуваат фотографии на кои без двоумење покажуваат нежност. 

Фото: Screenshut Instagram

Познатиот шармер (54) ја остави најубавата жена во светот, па заведе 19-годишна девојка за која велат дека е уште поубава

Едвај беше полнолетна кога поради неа ја остави најубавата жена на светот: Сите гледаа во овој пар во Кан, разликата од 30 години падна во втор план