Какао коцки: Сочни, брзи и неодоливо вкусни

Добивај вести на Viber

Едноставен, брз рецепт, кој во овој период од годината совршено оди со шолја какао...

Состојки за тесто:

3 шолји брашно (од 180 милилитри);

1,5 шолја шеќер (од 180 милилитри);

3 шолји јогурт (од 180 милилитри);

1 ванилин шеќер;

1 прашок за пециво;

2 лажици какао;

1/2 шолја масло за готвење (од 180 милилитри).

Состојки за прелив: 

1 шолја млеко (од 180 милилитри);

150 грама путер;

3 лажици какао;

2/3 шолја шеќер (од 180 милилитри).

Начин на подготовка: 

Сите состојки за тестото соединете ги, така што ќе ги изматите со миксер. Смесата истурете ја во подмачкана тепсија и печете 35 - 40 минути во загреана рерна на 200 степени.

Во сад ставете ги сите состојки за преливот и со мешање варете додека не почне да врие. Кога ќе се излади малку, колачот исечете го на коцки, а потоа прелијте го со преливот од какао. 

Оставете го добро да се олади. Доколку сакате да бидат уште посочни какао коцките, тогаш ставете дупла доза прелив.

Бидејќи, какаото е една од главните состојки во овој десерт, тогаш обрнете внимание и купете квалитетен и докажан производ од „Кибела“. Сама така, колачот ќе има поубав вкус.