Како да ги мотивирате децата да јадат здрава храна?
Да се биде родител е најубава и веројатно најтешка работа во животот. Целта на секој родител е да одгледа добро, образовано и здраво дете. Живееме во свет на брза, претерано обработена и пакувана храна. Тешко е да се воспостават здрави навики во исхраната, посебно кај деца, но не е невозможно. Масната, солена храна преполна со калории кои децата ги јадат во комбинација со сериозен недостаток на физичка активност, предизвикува прекумерна тежина и дебелина, која подоцна може да доведе до други здравствени тешкотии. Поради тоа е многу важно здравите оброци во исхраната да се развијат во најраниот живот, што доведува до долготрајна корист. Храната за бебе направена дома, овозможува исхрана по пониска цена. Подготовката не е тешка.
Едноставно попарете или лесно згответе здрави состојки по ваш избор, од морков до грашок, компир, јаболко или крушки, а потоа од нив направете пире. Бидете добар пример за вашите деца Децата ги имитираат своите родители во сѐ што прават. Исхраната и навиките во менито не се исклучок. Доколку не сакате вашето дете да јаде брза храна, ни вие не би требало да ја јадете. Избегнувајте купување на грицки и друга обработена и пакувана храна, но и немојте да ја чувате дома. Многу нови грицки се пакуваат само за деца. Тие се пакувани во амбалажи со весели бои и „се забавни“ за јадење. Доаѓаат во модерни облици кои се поклопуваат со содржините од филмовите и од телевизија. Најлошиот дел од сѐ е тоа што токму тие се промовираат како добар извор на витамини и минерали. Компаниите кои ги произведуваат грицките сега се во можност да додаваат неколку здрави состојки, а нездравата храна потоа се маскира во здрава. Родителите мислат дека купуваат нешто што е добро за нивните деца. Кога некој производ има неограничен рок на траење, колку тој воопшто може да биде добар за вас? Адитивите и конзервансите во најголем дел ги заменија вредните нутриенти.Употребата на свежа, цела храна, директно од природа е единствен начин на детето да му пружите исхрана која навистина му е потребна. Направете ја здравата исхрана забавна за децата Неоспорен е фактот дека брзата храна за децата има исклучително примамлив изглед. Тука не е работата само во вкусот, тие оваа храна ја бираат затоа што е прикажана како забавна. Презентацијата на оброк е многу важна. Децата сакаат да видат убаво декорирана храна во своите чинии. Ги привлекува и храната со големи залчиња во различна боја и облик. Родителите можат да станат креативни во кујната и да направат оброци кои ќе изгледаат како детски омилен цртан или ТВ херој, животни, птици, направени од зеленчук, мече направено од ориз, салати со насмеани лица, бубамари направени од чери домати и маслинки и сл. Не мора да бидат совршени, а децата ќе бидат повеќе од заинтересирани да пробаат здрава исхрана. Преземање еден по еден чекор е мала промена која може да направи голема разлика. Исхраната богата со овошје и зеленчук е добра и за возрасни и за деца. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини, минерали, антиоксиданти, фитохемикалии и влакна, а во исто време имаат ниска содржина на калории и масти и придонесуваат за многу здравствени бенефити.