Како изгледа Анѓелка Прпиќ во 8-миот месец од бременоста? Актерката празниците ги помина во најдобро друштво (ФОТО)

Шармантната актерка поминува извесно време со семејството додека ужива во поодминатата бременост

Актерката Анѓелка Прпиќ изминативе денови уживаше на семејна дружба, а нејзината мајка Душица Стевиќ на Инстаграм сподели фотографија која е направена по тој повод.

Како што покажува, една од најпопуларните српски актерки и најпознатата трудница во Србија во моментов одлично се забавувала во друштво на својата мајка и брат.

View this post on Instagram

A post shared by Dusica Stevic (@stevic.dusica)


Судејќи по натписот на капите што ги носат, семејството славело нечиј роденден, а не недостигало добро расположение.

Иако на фотографиите не се гледа нејзината трудничка фигура, актерката позната по широката насмевка изгледа задоволно и како да се чувствува одлично, а пред неколку дена папараците ја сликаа во друштво на нејзиниот емотивен партнер Марко Жугиќ.

Потоа беа видени на романтична прошетка во Белград, а Анѓелка носеше удобна секојдневна комбинација.

Извор: glossy.espreso.co.rs