Изразот на нејзиното лице кажува сѐ: Анѓелка Прпиќ гордо го покажа трудничкиот стомак

Харизматичната актерка Анѓелка Прпиќ наскоро ќе стане мајка по втор пат, а нејзината најнова фотографија покажува колку ѝ годи блажената состојба.

Ако претходно Анѓелка Прпиќ ви зрачеше со веселост, во втората состојба уште повеќе блеска и изгледа поубаво од било кога!

Шармантната актерка деновиве очигледно ужива во се убаво што и се случува во животот, а сега гордо ја покажа својата фигура во, како што пренесуваат медиумите, шестиот месец од бременоста.

Анѓелка позирала во ресторан со пријател, ставајќи ја раката нежно на трудничкиот стомак, додека тој на шега на сличен начин ја ставил раката на неговиот.

View this post on Instagram

A post shared by Zoran Ivanov (@zoksigile82)



foto: instagram

- Царица - напиша тој.

Анѓелка изгледа многу убаво облечена во модерно лежерно издание, во тесни фармерки и маица со долги ракави со пруги, поради што стомакот уште повеќе и се гледа. Како што многумина забележаа, актерката не се променила во текот на бременоста, а блеска и без грам шминка на себе.

„Ох, ја обожавам“, е еден од коментарите покрај оваа симпатична фотографија. Да потсетиме, локалните медиуми пишуваа дека Анѓелка чека второ дете со своето момче Марко Жугиќ, со кој неодамна се појави на два настани во градот. Последен пат двојката беше видена на стенд ап настап, каде Анѓелка пристигна во поширок капут, па стомачето не и се забележуваше, а потоа носеше брош во форма на буквата М, почетната буква од името на нејзиниот сакан.

Анѓелка, инаку, од првиот брак го има и синот Јакша, кој неодамна и стана колега. Тој се појави во филмовите „Тома“ и „Баук“, а актерката подоцна призна дека за време на снимањето на филмот „Тома“ била таму во улога на асистент.

View this post on Instagram

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)



- Овој пат бев во улога на организатор, возач и шофер. Ми беше забрането да седам со актерите од филмот. Морав да гледам сè од безбедно растојание. Сите прекрасно го прифатија, а мене многу ми се допадна филмот - изјави тогаш актерката.


ФОТО: Инстаграм