Камерон Дијаз откри што значи да се стане прв пат родител на 47 -години: Сега треба да живеам до 107 години!

Камерон Дијаз е вистински пример дека доцното мајчинство е можно и дека тоа има бројни предности. Нејзината приказна може да го промени утврденото мислење за луѓето кои се сомневаат за бременост по четириесетгодишна возраст.

Во декември 2019 година, познатата актерка и нејзиниот сопруг Бенџи Маден станаа родители, а таа вест експлодираше на Интернет и стана популарна тема, бидејќи станува збор за доцно мајчинство.

Дијаз им даде надеж на жените кои се откажаа од обидот да добијат дете.

Иако актерката сака да ја задржи за себе информацијата како забременила, блиските пријатели открија дека двојката се обидела да остане бремена неколку години пред да ја добијат ќерката Радикс.



„Поминаа многу за да дојдат до оваа точка“, изјави анонимен извор за американските медиуми.

Дијаз помина повеќе од половина од својот живот под центарот на вниманието и верува дека е во ред сега „да одвои време да се реорганизира“. Таа е среќна, благословена и благодарна што влезе во новата деценија од животот со дете. Една од нејзините главни цели е да го заштити сопственото дете.

Во интервју за Џими Фалон, Дијаз призна дека времето што го поминува со својата ќерка е како во рајот. Таа се обидува да ужива во секој момент затоа што „секој ден носи нешто ново, и затоа што Радикс не е истото бебе како вчера“.


„Големо задоволство е да се гледа како расте, да се биде дел од тоа и да и помогнам да биде своја. Неверојатно е“, сподели актерката.


Дијаз низ смеа рече дека нејзиниот телефон повеќе не е полн со слики од нејзините кучиња (а ги има четири). Сега тие постојано слушаат детски песни како „Baby Shark“ и „Elmo’s Song“ и уживаат како семејство.

Се‘ уште постои притисок врз жените кои подоцна ќе одлучат да станат мајки


Во интервју со Наоми Кембел, која стана мајка во мај оваа година, на 51 -годишна возраст, Дијаз рече дека сака да најде рамнотежа во животот.

„Луѓето се венчаваат и младите создаваат семејство. Го правам тоа во втората половина од мојот живот. И конечно го сакам мојот живот затоа што е приватен. Морам да живеам сто и седум години. Значи, без притисок", рече Камерон Дијаз низ насмевка.


И покрај тоа, Дијаз е потполно сигурна дека ги поминува најсреќните моменти од својот живот. Таа посочува дека нејзините претходни искуства од патувања и филмска работа не можат да се споредат со оваа нова фаза.

„Кога ќе одлучите да бидете родител на моја возраст, тоа е вистинскиот избор. Треба да работите напорно за тоа", додала таа.

Исто така, да се потсетиме дека Камерон одлучи да се повлече од јавниот живот и својата работа со цел да се посвети на своето семејство.

„Сега јас сум на второто место во мојот живот, сега сум тука и никогаш не сум била поисполнета во животот“, рече таа, мислејќи на нејзиното семејство, ќерката Радикс и сопругот Бенџи Мејден. Таа напомена дека најмногу ужива во семејниот живот.

„Веќе го немам она што е потребно за да снимам филмови, целата моја енергија е тука“, додаде Камерон Дијаз.


Фото: Инстаграм/Камерон Дијаз/Бенџи Маден

Видео: Youtube

Стана мајка на 47 години и целосно се повлече од јавноста: Конечно фотка од ќеркичката на Камерон Дијаз во јавноста