Карлеуша „го запали“ Ушќе: Три впечатливи комбинации никој не оставија рамнодушен

Пејачката одржа концерт во рамките на фестивалот „Недела на музиката“, и поради нејзиниот настап, комплетниот дизајн на сцената во Белград беше сменет. Фановите се воодушевени од изведбата ...

Пејачката Јелена Карлеуша (43) повторно настапи во Ушќе и го надмина сето она што го направила досега во кариерата.

Имено, оваа пејачка настапи како дел од фестивалот на музичката недела во Белград, кој започна пред два дена.

За настапот на оваа дива, како што ја нарекуваат нејзините обожаватели, се зборува со недели, а она што таа им го приреди во саботата вечерта ги надмина сите очекувања.

Како што пренесуваат српските медиуми, поради настапот на Карлеуша, изменет е целосниот дизајн на сцената, а за време на настапот на Карлеуша, таа сменила три модни комбинации, кои биле впечатливи и провокативни.

Foto: Antonio Ahel/ATAImages/PIXSELL


Пејачката за прв пат се појави на сцената во модна комбинација со синџири, а косата беше обоена во розова боја.


Foto: Antonio Ahel/ATAImages/PIXSELL


Потоа се преобрази во црно тесно боди што ги истакна сите нејзини облини.

Последната модна комбинација беше златна, а таа ја надополни со шлемот што го носеше на главата.

Foto: Antonio Ahel/ATAImages/PIXSELL



Нејзините модни комбинации никого не оставија рамнодушен, а фановите беа воодушевени од настапот на нивната дива.


Foto: Antonio Ahel/ATAImages/PIXSELL