Кејт со една кратка реченица им покажа на сите колку го сака маж ѝ, а Британците се во целосна хистерија

Централната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора е зад нас. Светската јавност внимателно го следеше овој настан, а сепак не ги видовме сите детали. Има еден што открива многу за врската меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Додека војвотката и војводата од Кембриџ беа во посета на Кардиф, со нивните деца принцезата Шарлот Дијана Елизабет и принцот Џорџ Александар Луис, една жена ѝ рекла на Кејт Мидлтон: „Ќе бидеш брилијантна принцеза од Велс“.

Харизматичната Кејт возврати дека тоа се „многу убави зборови“, па откако го погледна Вилијам додаде: „Јас сум во добри раце“.

Со овие зборови Кејт откри важна вистина за нејзиниот брак со Вилијам, кој трае од 2011 година и кој покрај ќерката Шарлот и синот Џорџ, им го донесе и синот Луис, вистинската ѕвезда на платинестиот јубилеј.

А нејзиното „Јас сум во добри раце“ предизвика хистерија кај обожавателите на британското кралско семејство на Твитер. И добри и негативни реакции. Причината за првото е јасна, а за второто е следна - многумина истакнуваат дека поприкладно било жената да ѝ каже на Кејт - „Ќе бидеш брилијантна кралица“. Сепак, војвотката ќе ја добие титулата принцеза кога нејзиниот сопруг ќе стане прв во редот за британската круна - сега на таа позиција е неговиот татко, принцот од Велс, пишува „Дејли мејл“.


Јавна тајна е дека принцот Вилијам ќе ја преземе оваа важна улога од својот татко набргу откако неговиот татко ќе ја преземе круната по симнувањето на Елизабета Втора од тронот. Кејт на тој начин ќе стане сопруга на британскиот крал.

За време на платинестиот јубилеј, таа и Вилијам добија обврски што може да го сугерираат тоа.


Фото и Видео: Youtube

Солзите во јавност се забранети за неа: Кејт Мидлтон исклучително ретко го крши ова правило, но вчера не издржа - причината е трагична