Солзите во јавност се забранети за неа: Кејт Мидлтон исклучително ретко го крши ова правило, но вчера не издржа - причината е трагична

Речиси никогаш не ја гледаме Кејт Мидлтон како плаче во јавност, па запомнат е секој пат кога војвотката од Кембриџ не можела да ги контролира своите емоции. А исклучително ретка прилика за тоа се случи вчера во Манчестер, од каде доаѓаат овие фотографии.

Војвотката од Кембриџ плачеше додека нејзиниот сопруг, војводата од Кембриџ, на откривањето на споменикот на жртвите од терористичкиот напад во Манчестер во 2017 година, зборуваше за тагата со која се бори на овој тажен собир, пренесува „Сан“.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам им се придружија на семејствата на загинатите и на преживеаните од ужасниот настан.
За потсетување, во 2017 година бомбаш самоубиец активираше бомба во фоајето на Манчестер Арената, додека многубројната публика го напушташе концертот на американската пејачка Аријана Гранде. Тогаш животот го загубија 25 лица, меѓу кои и осумгодишната Сафи Роуз Русо, ученичка во основно училиште во Ланкашир, а 59 лица беа повредени.

„Премногу добро се сеќавам на шокот и тагата на лицата на оние што ги запознав кога го посетив Манчестер во деновите по злосторството. Пет години подоцна, знам дека болката и траумата на многумина не исчезнаа. Како некој што живее со неговата тага, знам: „Затоа спомениците како овој Glade of Light се толку важни“, рече принцот Вилијам, кој ѝ оддаде почит и на неговата мајка, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Тој додаде дека песната на Oasis „Don't look back in anger“ го опишува одговорот на Манчестер на злосторството.

На откривањето на споменикот присуствувала и Џејн Џонс, чија 14-годишна ќерка Ноел починала тој ден.

Солзите на Кејт Мидлтон

Однесувањето на војвотката од Кембриџ во јавноста е адекватно на нејзината позиција на британскиот двор. Иако, Кејт Мидлтон има желба да изгради имиџ на непосредна жена која не држи дистанца од другите. Во прилог на тоа говорат нејзините повеќе од срдечни средби со британските граѓани.

Кога станува збор за нејзините солзи, како што рековме, сме ги виделе неколку пати во јавноста.
Кејт заплака кога им оддаваше почит на жртвите од Големата војна во Лондон во 2014 година, во друштво на нејзиниот сопруг.

Зад јавната сцена, војвотката од Кембриџ, како и сите нас, има многу емотивни моменти, но ретко кој ги гледа. Затоа нејзините солзи „зад сцената“ секогаш се испишани со „наводно“.

Така, според новозеландскиот „Woman's Day“, таа наводно плачела минатата година кога по долго време ги сретнала принцот Хари и Меган Маркл во Лондон, бидејќи ѝ е тешко да не ги гледа како порано.

Имајќи предвид дека нејзината врска со славниот пар во медиумите се движи од блискост до остар конфликт, имаше и други приказни во кои се истакнува дека Кејт навистина плачела поради Меган, но дека недостигањето не било причина за тоа. 

Војвотката од Кембриџ наводно пуштила солза пред свадбата на Меган и Хари во 2018 година во Виндзор бидејќи не можела да го поднесе постојаното жаење од нејзината јетрва за тоа како свечениот фустан на тогаш тригодишната принцеза Шарлот не и стои добро.

Но, Меган Маркл ѝ возврати во 2021 година во шоуто на Опра Винфри

„Беше обратно“, рече американската актерка и истакна дека всушност таа плачела, а Кејт подоцна ѝ се извинила и ѝ донела цвеќе.

Меган напомена дека не ја споделила оваа информација за да омаловажи некого, но додаде дека „навистина е важно луѓето да ја знаат вистината“.

извор:zena.blic

фото:profimedia