Кети Пери и Орландо Блум сакаат бебето само да го избере своето име

35-годишната пејачка е бремена со своето прво дете со вереникот Орландо Блум. Тие очекуваат девојче и веќе имаат список со имиња, но се уште не знаат кое е правилното.

- Треба да одлучиме како ќе се вика. Имаме повеќе опции, но мислам дека таа сама ќе ни каже. Ќе ја погледнам и ќе речам „ Да да да, ти си таа!“- изјави Кети Пери неодамна во емисија.

Таа истотака раскажа дека имала луда емоционална бременост, но како и да е едвај чекаат да станат родители со 43-годишниот актер.