Кето диета: Tајната на витката линија на холивудските ѕвезди
Науката се уште нема објаснето зошто кетогената диета успешно ги менува природните процеси во огранизмот, но за сега помага не само во намалувањето на килограмите и епилепсијата, туку и кај разновидни пореметувања. Истражувањата покажале дека кетогената диета е многу подобра од другите начини на исхрана.
Она што е најинтересно е тоа што високопротеинската кето диета позитивно влијае на заситеноста, така да полесно може да ги изгубите килограмите.
Иако многу жени ја применуваат ова диета, многу нутриционисти се против, затоа што не се внесуваат доволно витамини и минерали, а тоа може да доведе до неколку здравствени проблеми.
Намирници врз кои се базира исхраната во текот на кето диетата
Јајца
Месо – шунка, бифтек, пилешко, сланина, црвено месо.
Путер
Сирење – онаа кое не е преработено
Авокадо
Риба – туна, лосос
Јаткасти плодови – ореви, ленено семе, бадеми
Здраво масло – маслиново, кокосово или масло од авокадо
Зеленчук со малку хидрати – лук, пиперки, зелен зеленчук
Храна која треба да ја избегнувате
Овошје – освен јагоди
Смути, овошни сокови, торта, сладоле, слатки, газирани сокови и сл.
Скроб и житарки
Грав, грашок, компир, шпагети
Алкохол