Ќе ве расплаче: Баба и дедо секоја година правеа иста фотографија, а потоа следеше празнина

За минливоста на животот во неколку фотографии ...

Секоја година баба и дедо се фотографираа во дворот пред нивната куќа.

Ова се сосема обични фотографии од стара брачна двојка, на кои тие се секогаш на истото место, стојат еден до друг - на патеката што води низ дворот до вратата од нивниот дом.


 Сепак, минималните промени во нивната облека, и нешто поголемите промени во изгледот на дворот, сведочат за промената на годишните времиња и незапирливиот тек на времето.


На некои фотографии земјата е целосно гола, а на некои шарени цвеќиња цветаат околу бабата и дедото:


Претследната фотографија во оваа прекрасна серија носи нешто погрди временски услови - се чини дека е дождлив есенски ден.


А на последната фотка повторно гледаме гола земја, што сведочи дека е рана пролет, но веќе не ја гледаме бабичката.


Овие фотографии треба да ве инспирираат да го живеете секој ден како да е последен, бидејќи времето дефинитивно ќе помине, а и ние со него, па правете многу брчки и фотографии. Искористете ја секоја прилика и не останувајте никому должни!


Фото: Твитер