Кога ќе се појави - сите очи се вперени во неа: Ана Ивановиќ и за време на бременоста секогаш се придржува до истото модно правило

Добивај вести на Viber

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе го добијат третото дете

Како што пишуваат медиумите, на овој пар и нивните синови Лука и Леона наскоро ќе им се придружи уште едно момче, а тие со нетрпение го очекуваат раѓањето на новиот член на семејството.

Во текот на целата своја тениска кариера и после неа, Ана е позната по својот исклучителен моден стил, кој го одржува дури и додека е бремена. Спортистката изгледа совршено во секоја ситуација, а во која прилика и да се дотера, го следи истото правило - едноставност!

Имено тенисерката претпочита монохроматски парчиња и многу смирени комбинации.

Ако носи дезени, тоа се најчесто риги на џемперите и фустаните или суптилен кариран принт на јакна. Кога станува збор за нејзините омилени парчиња, тие се главно неутрални и земјени тонови, најчесто кафени. Нејзиниот начин на облекување е ненаметлив, но доволно ефикасен за да остави впечаток секогаш и секаде, а дел од најинтересните труднички комбинации на Ана Ивановиќ можете да ги погледнете во галеријата.


Извор: glossy.espreso.co.rs

Фото: INSTAGRAM / ANAIVANOVIC